Поминаа толку години, а Ким Алексис и во седмата деценија го одзема здивот со својот изглед.Американскиот супермодел и актерка Ким Алексис беше многу позната во доцните седумдесетти и во текот на осумдесетите.Руса коса, сини очи и исончан тен беа нејзиниот заштитен знак. Таа беше омилен модел на познатиот фотограф Ричард Аведон, а со својот ангажман го промени светот на модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Kim Alexis – 80s Supermodel ⭐️ (@the_kimalexis)Таа ги красеше насловните страници на списанијата „Спорта Илустрејда“, „Вога“, „Харперс Базар“, „Космополитена“, а во 1983 година стана заштитно лице на „Ревлон“ на местото на познатата Лорен Хатон. View this post on Instagram A post shared by Kim Alexis – 80s Supermodel ⭐️ (@the_kimalexis)Таа денес ретко се појавува во јавноста, а годинава за магазинот „Пипл“ откри зошто се повлече од „светот на рефлекторите“.„Луѓето очекуваат да изгледаме исто како кога сме биле млади. Не смееме да старееме, а тоа не е фер“, отворено зборувала за проблемите со кои се соочуваат топ моделите.И покрај нереалните очекувања, Ким успеа да излезе од „канџите“ на јавноста, па сега живее помирен живот.“Се чувствувам одлично. Конечно го сакам своето тело и себеси”. View this post on Instagram A post shared by Kim Alexis – 80s Supermodel ⭐️ (@the_kimalexis)Поранешната ѕвезда на модната писта се соочила и со симптоми на менопауза, поради што се наталожиле вишок килограми.“Морав да научам како да се справам со тоа, како да имам поголема толеранција кон себе и да го прифатам моето ново тело. Се уште се обидувам да разберам некои работи – како да стареам достоинствено, природно и убаво”, рекла Ким.Оваа 64-годишна убавица е на добар пат да ја прифати својата вистинска убавина, бидејќи и во седмата деценија ви го одзема здивот со својот изглед. View this post on Instagram A post shared by Kim Alexis – 80s Supermodel ⭐️ (@the_kimalexis)
Пронајдете не на следниве мрежи: