Пратениците на албанската опозиција денеска протестираа во Собранието, палејќи фигури на политичари, а потоа се судрија со обезбедувањето, откако нивниот колега Ервин Салијани беше осуден на затворска казна за клевета.
Пратениците на конзервативните демократи, кои повикаа на бојкот на денешната седница, се обидоа да ги спречат своите колеги од владејачката Социјалистичка партија да влезат во салата, пренесува АП.
Салијани во 2018 година побара оставка од тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувања дека братот на министерот се занимавал со незаконски активности, кои подоцна се покажаа како лажни.
Демократите ја прекинаа парламентарната седница во понеделникот, велејќи дека пресудата на Салијани е политички мотивирана и повикаа на протести во Тирана.
Пратениците денеска се скараа со обезбедувањето и ги запалија фигура на премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи Фатмир Џафаи.
Откако не влегоа во салата, пратениците од опозицијата го прекинаа протестот, а социјалистите ја затворија седницата и си заминаа. Демократите долго време го обвинуваат Рама за злоупотреба на власта. Еди Рама ги предводи социјалистите од 2005 година и моментално е во третиот премиерски мандат.
Следната година во Албанија треба да се одржат парламентарни избори.