Локалниот младински совет во Делчево ја спроведе акцијата „Велигденски оброк за сите!“ со која беа поделени оброци на околу 40 социјално загрозени семејства во Делчево и околината.
– Успешно реализирана хуманитарна активност под мотото “Велигденски оброк за сите!”, од предвидената годишна програма на Локалниот младински совет и Собрание на млади.
По повод Велигден денеска беа поделени околу 40 оброци на социјално загрозени семејства. Членови на наведените организации заедно со координаторот за млади Милена Багевска ја спроведоа акцијата. – стои во нивната објава на Инстаграм.
A post shared by Локален младински совет-Делчево (@mladinskisovet.delcevo)