(Фото + Видео) Илјадници луѓе се борат за правда на масовните протести во Грција

Откако се објавија нови докази за железничката несреќа кај Темпи во која животот го изгубија 57 лица, денес се одржаа протести во повеќе градови во Грција, но и во грчката дијаспора.

Протестите ги организираа Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ кои поддршка добија од СИРИЗА, ПАКОС, Комунистичката партија и Нова левица, разни здруженија, синдикати, навивачки и анархистички групи.

Снимките кои се објавија во медумите покажаа дека 30 лица не починале поради сударот, туку поради недостаток на воздух и експлозијата на товарниот воз кој нелегално пренесувал запаливи хемиски течности.

Јавноста беше шокирана од снимките во кои се слушаат трогателни зборови на една од жртвите, која при разговор со пријателка по телефон ѝ кажала: „Не можам да дишам“, „Имам малку воздух“, „Ќе умреме… Марти те сакам“.

Марија Каристиану, главната организаторка и мајка на една од 57-те жртви во трагичната несреќа, се обрати на огромната толпа на плоштадот Синтагма: „Ги гледавме како вперуваат прст кон нас, прашувајќи се зошто не тагуваме тивко, зошто не носиме црно, зошто не сме затворени, полека умирајќи. Сè уште ги слушаме како се прашуваат од каде ја наоѓаме силата да дишеме, да живееме, да се бориме“.

Во меѓувреме, политичките лидери исто така ја осудија владата на Киријакос Мицотакис, обвинувајќи ја неговата администрација за негрижа. Во објава на Фејсбук, лидерот на ПАСОК-Движење за промени забележа дека за време на неодамнешната парламентарна дебата го поставил прашањето во контекст на протестите. Тој посочи: „Господинот Мицотакис не почувствува потреба да одговори – не на мене, туку на грчките граѓани. Секако, не очекував ништо различно. На крајот на краиштата, тој беше тој што брзаше да ги извлече своите ‘заклучоци’ веднаш по трагедијата.“

Андрулакис додаде и дека „граѓаните се разочарани. Кризата на доверба во институциите се засилува бидејќи, во низа случаи, со трагедијата во Темпи како најзначајна, стана очигледно дека се разградува разликата помеѓу извршната власт и судството“, пренесуваат од Товима.

Пронајдете не на следниве мрежи: