(Фото+ Видео) Има ли ова крај – нова несреќа во Кочани: Се преврте воено возило полно со припадници на АРМ!

Тешка сообраќајна несреќа во близина на Кочани се случи попладнево во близина на селото Соколарци на патот Штип – Кочани дознава Инфомакс.

Како што се гледа на фотографијата во несреќата учествувал камион на АРМ кој се превртел на патот. Засега немаме повеќе детали за несреќата, но од фотографиите се гледа дека возилото излетало во спротивната лента.

Според нашите информации три лица се полесно повредени во несреќата.

Инаку изминативе неколку денови припадниците на АРМ херојски се бореа за животите на кочанчани, но и помагаа на локалното население откако се случи трагичната несреќа во клубот „Пулс“ во која животот го загубија 59 млади луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи: