Телата на три деца и нивните родители се ексхумирани од гроб во Кенија заедно со повеќе од 50 членови на христијански култ кои верувале дека ќе се сретнат со Исус Христос доколку умрат од глад. Полицијата во Кенија ја пребарува шумата Шакахола во потрага по жртви од култот на гладувањето, а досега се пронајдени 58 тела, пишува Daily Mail.
Бројот на загинати во последните два дена постојано се зголемува, а во тек се и ексхумации на импровизирани гробници во шумата. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми по соопштението на од Црвен крст Кенија, кое потврди дека трага по 112 исчезнати лица. Во еден плиток гроб се пронајдени пет членови од исто семејство – три деца и нивните родители, за кои се верува дека не се од околината.
Шакахола, Кенија
Озлогласениот култ бил наречен – „Меѓународна црква на добрата вест“, а нејзиниот водач Пол Мекензи бил уапсен откако дојавата покажала дека постојат гробници во кои има тела на најмалку 31 член на култот. За време на викендот биле ископани десетици трупови, а шумска површина од околу 325 хектари била прогласена за место на злосторство.
Полицијата ја пребарува и областа за погребни јами и можни преживеани од култот. Тие се сомневаат дека некои членови на култот се кријат од властите во околните грмушки и дека нивните животи се во опасност доколку наскоро не бидат пронајдени. Оттогаш, голем број луѓе се спасени и пренесени во болница во Малинди на брегот на Индискиот Океан.
Групата за човекови права, која ја информираше полицијата за движењето и неговите екстремни практики, соопшти дека неколку од спасените одбиле да јадат и покрај очигледната физичка слабост. Водачот на култот Пол Мекензи им рекол на своите следбеници да гладуваат за да се сретнат со Исус на рајот.
Пол Мекензи беше обвинет минатиот месец откако две деца умреа од глад, но беше ослободен со кауција од 100.000 кениски шилинзи (670 евра). Темниот случај го привлече националното внимание, што доведе до одлука Владата да ја заостри контролата врз верските деноминации во земјата.
Министерот за внатрешни работи Китуре Киндики најави дека ќе го посети местото во вторник. Обидите за регулирање на религијата во претежно христијанската земја наидоа на жесток отпор во минатото, а култите се многу чести во Кенија.
Пронајдете не на следниве мрежи: