Немил настан попладнево во скопска Кисела Вода. Две бандери се легнати на улица покрај паркирани автомобили. Информирана е Општината Кисела Вода и треба веднаш да се реагира.
,,Ве известувам за настан што се случи денеска во 11:40 часот во општина Кисела Вода на улица Ѓорѓи Сугаре , камјон повлече кабел од бандера и паднаа две бандери од која што една е за улично осветлување , двете бандери се многу скапани. Повредени нема , но има коли оштетени” , се вели во објавата до Инфомакс.