недела, 29 ноември 2026
Најново

(Фото) Во престерелка пред Општина Куманово ранет носителот на листа на ДУИ во Липково: Пукале две лица од автомобил во движење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во пукање пред Општина Куманово денеска е ранет носител на советничката листа на коалицијата на ДУИ во Општина Липково.

Информацијата за Инфомакс ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението.

Засега не е јасна причината за пукањето.

Поврзани вести