Според “IQ Air”, швајцарска компанија за за мерење на квалитетот на воздухот, индексот на загаденост во нашиот главен град утрово бил 153, што се смета за голема загаденост и било доволно за второ место на листата најзагадени градови во Европа.
Покрај Скопје, високи нивоа на загадување се регистрирани и во Гостивар, Тетово, Кичево, Струмица и Велес.
Покрај европската листа, Скопје е меѓу најзагадените градови и во светот, односно таму се наоѓа на шестото место, зад градови како Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран, Ташкент во Узбекистан и Сараево во БиХ.
Министерот за животна средина Изет Меџити неодамна изјави дека дека загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка.