Премиерот, Христијан Мицкоски вчера демантираше дека воопшто го познава Александар Нацев кој беше приведен како сопственик на агенцијата за обезбедување Рубикон.
Имено Рубикон ја обезбедуваше дискотеката Пулс кобната вечер на 16-ти март кога 62 лица починаа, а 200 беа повреддени.
Мицкоски изјави дека последен пат кога Нацев имал функција во ВМРО-ДПМНЕ било за време на Владата на Никола Груевски кога Нацев раководеше со ДБКИ.
Сепак Мицкоски не само што го познава лично Нацев туку тој му беше еден од најблиските партиски соработници од областа за безбедноста.
Лично Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ го има потпишано назначувањето на Нацев како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност внатре во партијата. Нацев е придружен член по функција на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ како и член на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓудругите функции Нацев бил и член на Градскиот комитет на партијата.
Иако премиерот се обиде да ја излаже целата македонска јавност фактот останува дека и самиот Мицкоски ги има шерувано партиските прес-конференции на Нацев на неговата официјална Фејсбук страница.
Во прилог и скриншот во случај да ја избрише објавата.
