Девојче попладнево е прегазено на тротоар во Геге, јавуваат гледачи на Инфомакс.
Според информациите кои ги добивме, возачот возел со голема брзина и удрил во девојчето кое е повредено и со брза помош е пренесено во болница. За време на ударот девојчето си одело прописно по тротоар, а по несреќата возачот ја симнал колата од тротоарот.

Очевидци за Инфомакс велат дека девојчето е потешко повредено и раскрварено.

Од МВР досега не одговорија на прашањата на Инфомакс за овој настан.