(Фото) Закани кон вработени во јавниот сектор да се отчленат од ССМ и да се зачленат во КСС!

До Инфомакс пристигнаа повеќе пораки од граѓани, членови на различни синдикати кои се дел од Сојузот на синдикати на Македонија, кои добивале закани од претпоставени во претпријатијата да се отчленат од ССМ и да пристапат кон КСС.

Заканите, како што ни пишуваат граѓани, оделе до таму што им се заканувале и со откази, казни и слично.

Ќе објавиме две од пораките кои ги добивме, едната порака е од вработен во ЈП Стрежено, а другата од вработен во АД Водостопанство.

Идентитетот на лицата кои се споменати дека се заканувале засега е заштитен, со цел да ја испочитуваме пресумпцијата на невиност.

Заканите кон членови на ССМ не се случај само во овие претрпијатија, како што дознаваме од ССМ, до нив се пријавени закани и во Македонски Пошти, Катастар на недвижности, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и останати институции.

Овој проблем претходно на прес-конференција го истакна и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој најави дека наскоро сите закани ќе бидат објавени од страна на ССМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: