Кока-Кола како еден од најпознатите брендови во светот има свое дизајнирано лого кое се менуваше низ годините. Првото познато лого на Кока-Кола било создадено од страна на книговодителот на Џон Пембертон, Френк Масон Робинсон, во 1885 година Робинсон го измислил името и го избрал ракописот со кој е напишано логото.
Искористениот ракопис, попознат како Спенсериан скрипт ( Spenserian script) бил создаден во средината на 19 век и била доминантна форма на ракопис во САД во овој период. Робинсон имал важна улога и во почетното рекламирање на Кока-Кола. Неговите промотивни сугестии вклучувале раздавање 1000 бесплатни купони за пијалок, но и знамиња и сообраќајни знаци со името на Кока-кола.
1887-1890 Вметнување на името на брендот
Две важни мали зборчиња ‘Trademark Registered’ беа додадени на опашката на првото „C“
1890-1891 Екстра фонт
За само една година, логото се промени многу со интересен фонт и заоблени букви.
1941-1960
Во оваа верзија, зборовите ‘Trademark Registered’ беа преместени надвор од опашката на буквата „С“ и беа запишани како ‘Reg. US Pat Off“, под името на Кока-Кола.
1958-1960 Форма на риба
Овој период го вклучува таканареченото ‘fishtail’ лого.
1969-2003 Познатиот бел бран
Ова лого му стана познато на светот како The Arden Square. Во црвената коцка познатиот натпис на Кока-Кола беше истакнат со бел бран познат како ‘Dynamic Ribbon Device’, кој и до ден денес е во употреба.
2003- 2007 Вистинското лого на Кока-Кола
Со воведување на „Coca-Cola… Real’ campaign“ белиот бран беше истакнат со жолта лента и мали меурчиња.
2007-2011 – Класичен дизајн
Едноставно, но сепак храбро, во овој период беше вратена старата бела линија.
2011-125 Години радост
На 125 роденден на логото на Кока-Кола излегуваат меурчиња од најпознатата форма на шише на Кока-Кола, што означува славење на минато, сегашноста и иднина со Кока Кола.Кока-Кола како еден од најпознатите брендови во светот има свое дизајнирано лого кое се менуваше низ годините. Првото