(Фото) Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата

Делегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата.

Во рамки на посетата адмиралот Викоф оствари средби со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На средбите се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, постигнувањето на НАТО целите на способност, можностите за реализација на вежбовни активности на македонска територија, како и унапредување на интероперабилноста и натамошното зајакнување на соработката во рамки на Алијансата.

Дополнително адмиралот Викоф беше информиран и за можностите кои ги нуди нашата земја, како држава во регионот која претставува географска раскрсница на повеќе транспортни коридори, а Армијата има важна улога во остварувањето на мобилноста, брзината, иницијативата, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата.

Во рамките на посетата адмиралот Викоф ја истакна посветеноста на нашата држава како активен придонесувач во зачувувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, нагласувајќи ја професионалноста и придонесот на македонската Армија во активности предводени од НАТО.

На средбите беше потврдена и важноста од заеднички и координиран пристап во рамките на Алијансата во справување со современите безбедносни предизвици.
The post (Фото) Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: