понеделник, 30 ноември 2026
Најново

(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк: Македонците сплотени за независноста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во чeст на 35 годишнината на независноста, македонското знаме денеска свечено се крена над Њујорк.

Традиционалната церемонија се одржа во финансискиот центар на Њујорк, пред познатиот споменик на разјарениот бик.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претставници на Обединетата Македонска Дијаспора, која го организираше настанот, се заблагодарија на десетиците Македонци кои дојдоа и покрај лошото време и најавите за бура.

-Со овој гест сакаме да го потсетиме сите дека сме тука и дека нема да не снема. Како времето денес, имавме 35 тешки години, во кои се обидоа да не избришат, но не им успеа и уште сме тука. Задачата на ОМД е да ги собере Македонците, бидејќи сме посилни кога сме заедно – изјави за МИА Арџи Белио од Обединетата Македонска Дијаспора.

Свеченоста беше одбележана со изведба на македонската и американската химна, како и со настап на пејачка Андријана Јаневски, која го изведе хитот Земјо Мила.

Поврзани вести