(Фото) МАСК ГО ДОНЕСЕ МИЈАЛНИКОТ ВО ОВАЛНАТА СОБА НА БЕЛАТА КУЌА: Гем, сет меч, време е да градиме!

Милијардерот Илон Маск кој отворено застана зад Доналд Трамп на претседателските избори во САД на својата мрежа X сподели хумористична монтажа на која тој носи мијалник во Овалната соба во Белата куќа.

Шегата е потсетување на моментот кога милијардерот купи Твитер и стави мијалник во седиштето на компанијата.

Претходно, по резултатите од изборите, на кои (според првите прогнози) води републиканскиот кандидат Доналд Трамп, Маск, напиша „игра, сет, меч“.

Тој исто така изјави:

-Америка е нација на луѓе кои градат. Наскоро, ќе можете слободно да градите.

Овалната соба е формален работен простор на претседателот на САД. Дел од извршната канцеларија на претседателот на Соединетите Американски Држави, таа е во западното крило на Белата куќа, во Вашингтон.

Пронајдете не на следниве мрежи: