МЛАДА РУСИНКА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА ВО СРБИЈА – 19-годишната девојка објави се на Инстаграм: Немам како да ја напуштам земјата

М.С. (29 г.) од Косјериќ, населба во областа Златибор во југозападна Србија, е осомничен за физичко насилство врз 19-годишна девојка со иницијали А.Р. од Русија. Како што дознава Blic.rs, 29-годишниот човек пијан ја нападнал и по него била распишана потерница.

Според засега неофицијални информации, М.С. нападнал девојка утрото на 4. декември во изнајмен стан.

Вулин: Се води хибридна војна против Србија и Вучиќ
 Во моментов се води хибридна војна против Србија и претседателот Александар Вучиќ, тврди српскиот вицепремиер Александар Вулин во изјава за белградски медиуми.Тој за телевизија Пинк изјави дека нападите врз Србија од Сараево …
ИЗНЕНАДЕНИ ОД СНЕГОТ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија – Голеш“ на околу 600 метри пред преминот, …

Таа, пак, кога дала изјава во полиција, не го знаела презимето на осомничениот, а дала и погрешна адреса каде наводно живееле.

Но, насилникот набрзо бил идентификуван, а откриена е и спорната адреса на живеење.

„По него е распишана потерница. На адресата биле неколку полициски патроли и инспектори, но никој не им ја отворил вратата од станот“, вели извор запознаен со истрагата за Blic.rs

Осомничениот наводно нема легално оружје и претходно не бил пријавен за насилство.

Нападнатата девојка на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографии од повредите – кој се крајно вознемирувачки.

„Ова го направи моето поранешно момче. Ми ги фрли пасошот и изводот од книгата на родените. Ме малтретираше и тепаше, ми се закануваше. Тој ми ги зеде сите заштеди. Ми скрши два мобилни телефони. Ме остави без работа и буквално се. И немам шанси да ја напуштам државата Србија. Никогаш нема да ти простам за ова“, напиша Русинката на социјалната мрежа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.