(Фото) Навивачи на Велс денеска ги поддржаа младите на протестот пред Влада!

Репрезентацијата на Македонија утре со почеток од 20:45 часот го игра натпреварот против Велс во квалификациите за Светското првенство, а островската репрезентација нема да биде без поддршка во Скопје.

Навивачите на Велс веќе се во Скопје и денеска можеа се забележат во кафулињата и на улиците во главниот град, но се појавија и на маршот кој започна во 18:59 часот. Масовниот протест се одржи под мотот „Системот е следен“ и со него се бара одговорност за трагедијата која се случи во Кочани и во која животот го загубија 59 млади луѓе.

Фановите на Велс се придружија на толпата и можеа да се забележат на снимките направени од камерите.

Пронајдете не на следниве мрежи: