Не за џабе велат, марта со девет ума.
Во овој момент во скопската населба Карпош имаме несекојдневна временска ситуација. Надвор во ист момент и грее сонце, но и врне.
Инаку, според метеролозите дождот си заминува од Македонија, па по оној вчерашен ден каде пред се во Велес и Гевгелија наврна најмногу дожд, до крајот на оваа недела ќе имаме суво време, така барем се најавите.