ФОТО | НИВНИТЕ ПОГЛЕДИ ЗБОРУВААТ ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ЗБОРОВИ – Најубавите сцени од Еуро: Погледнете ги реакциите на најмалите кои излегуваат со фудбалерите на теренот

Емотивните реакции на децата кои излегуваат на теренот со своите фудбалски идоли ги „стопи“ фудбалските фанови ширум планетата.Пред почетокот на осминафиналето на Европското првенство во Германија, УЕФА објави феноменална компилација од фотографии на кои се гледа воодушевувањето на децата кои имаа можност одблиску да ги видат најголемите фудбалски асови.Нивните искрени изрази на лицето се бесценети, тие зборуваат повеќе од илјада зборови.Очекувано, најголем ентузијазам предизвикаа средбите со Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе.„Сеќавања кои ќе траат цел живот“ напиша УЕФА со одлични фотографии кои ги воодушевија љубителите на најважната споредна манифестација во светот.Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи: