Должината на нозете на Светлана Панкратова (41) достигнува 132 сантиметри, па купувањето панталони за неа е секако вистински кошмар. Таа во 2008 година, на Трафалгар Сквер Лондон се сликата со најнискиот човек во светот Хи Пингпин, кој стои блиску до работ на нејзиното здолниште.
Ако сте куси во раст, сигурно не ќе посакате да се застанете покрај оваа Русинка, чија должина на нозете влезе во Гинисовата книга на рекорди. Светлана (41) има најдолги нозе во светот, откако достигнаа должина од 132 сантиметри.
Панкратова е родена во Волгоград во Русија и сега живее во Северна Вирџинија во САД. Висока е 195 сантиметри и тренер е на кошаркарски тим во локална гимназија.
Живот со најдолги нозе сепак, не беше лесен, признава таа за една локална телевизија.
– Не беше лесно, бидејќи децата ме задеваат. Тие секогаш се задеваат со она кое не им е вообичаено, односно различно, па многу ме задеваа поради тоа што сум висока – рече Светлана, која сега ужива во славата.
Должината на нозете на Светлана Панкратова (41) достигнува 132 сантиметри, па купувањето панталони за неа е сека