Српската пејачка Ана Николиќ утрово објави фотографија од Саша Мирковиќ, кој е и менаџер на Аца Лукас, заедно со еден куп навреди. Изгледа дека нивната деловна соработка и пријателство завршила околу седум часот наутро.
Имено, Ана Николиќ тврди дека тој го контролирал нејзиниот Инстаграм профил и дека таа му рекла дека ‘не е Аца Лукас‘.
Таа го покани и претседателот на Србија, Александар Вучиќ да помогне во драмата.
„Ова е нечовечко… кој мисли дека јас сум новиот Аца Лукас… не сум. Или на другите им се заканува, заплашува итн. Лично ми ја украде лозинката од Инстаграм, манипулираше до пред некој ден. Немам кому да се пожалам освен ова јавно да му го порачам на Александар Вучиќ. Весникот ‘Alo.rs‘ го контролира овој нечовек. Ова е навистина ниско, мизерно и бедно“, вели таа во описот на објавата.
Саша Мирковиќ од неодамна е менаџер на пејачката Ана Николиќ, а тој и неговата продукција ги организираат нејзините концерти, пренесуваат срспките медиуми.
Пронајдете не на следниве мрежи: