Некогаш славната манекенка и фотографка, икона од шеесетите години од минатиов век, Пети Бојд, продава рачно напишани текстови и приватни писма кои ја откриваат нејзината врска со нејзините поранешни сопрузи, починатиот член на култните The Beatles, Џорџ Харисон, и не помалку славниот кантавтор Ерик Клептон.
Бојд, кој во неделата полни 80 години, беше во брак со двајцата музичари. Таа ги инспирираше и двајцата да ѝ ги посвета некои од најубавите и најпопуларните поп-песни на сите времиња. Харисон ѝ ја посвети „Something“, а Клептон „Wonderful Tonight“ и „Layla“.
Поранешната манекенка, често во сенката на нејзините сопрузи кои беа и останаа рок-икони, продава бројни писма, фотографии и други предмети преку аукциската куќа Christie’s.
Колекцијата беше изложена во седиштето на Christie’s во Лондон во петокот. На посетителите им беше даден увид во срцето на контракултурата од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
Вкупоно 111 предмети кои припаѓаат на Пети Бојд ќе бидат понудени на аукција. Меѓу нив има нежни писма од Харисон и Клептон, како и нејзината облека, накит, цртежи и фотографии.
За продажбата на Клептон, таа ја добила неговата согласност.