(Фото) Решена дилемата за каде се цревата кои беа товарени во возило на брзата помош

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа неколку фотографии направени во индустриската зона во Кочани на кои се гледа како во возило на брзата помош се товари водоводно црево.

Според наши информации цревото е за потребите на ЈЗУ ЗД ,,Гоце Делчев” во Делчево каде е регистриран поголем дефект на водоводната мрежа со што во моментот во установата има прекин на доводот на вода.

Од таа причина Здравствениот дом е во фаза на санација на дефектот, за што е извршена набавка на потребниот материјал, по што се очекува во текот на денот поправка на дефектот.

Без разлика на намената злоупотребата на амбулантно возило за набавка на репроматеријали во најмала рака е недозволиво бидејќи недостапноста на истото во моментот може да чини загубени човечки животи.

Дополнително истото се амортизира и контаминира со пренос на материјали за кои не е наменето.

Пронајдете не на следниве мрежи: