Фото: Северина пристигна во Скопје!

Синоќа околу 22:30 на аеродромот „Александар Велики“, слета авионот со кој Северина и нејзините најблиски соработници пристигнаа во Скопје.

Популарната хрватска пејачка ќе одржи концерт во сабота вечер во арената „Борис Трајковски“, во рамките на турнејата „Добредојде во клубот“. Тимот на хрватската пејачка почна да пристигнува од средата, кога во Скопје со четири камиони беше донесена целата техничка опрема околу концертот. Денеска пристигнуваат и танчерите, заедно со познатиот светски кореограф Анже Шкрубе, а со нивното доаѓање екипата ќе се комплетира целосно.

Пред концертот предвидени се неколку проби, а слободното време, тимот на пејачката побарал да се искористи за обиколка на Скопје и традиционална македонска вечера, бидејќи Севе е љубител на македонската скара и пиво.
Македонската публика почна да одбројува до почетокот на бајката во четири чина со Северина.Синоќа околу 22:30 на аеродромот „Александар Велики“, слета авионот со кој Северина и нејзините најблиски

Пронајдете не на следниве мрежи: