Фото: Секс едукација за шестгодишни деца во Берлин

Една основна школа во Берлин е многу критикувана откако се покажало дека на децата им се покажуваат експлицитни цртежи од сексуални односи.
„Од каде доаѓаш?“ е насловот на книгата со која на децата им се објаснува како дошле на свет, но без приказни заштркови, пчели и билки.  Во таа книга се наоѓаат Ларс и Лиза во разни етапи на секси и пораѓање.

За работата да биде почудна, издавачот и авторот ја намениле книгата за деца од пет години нагоре.
Како што јавува Huffington post издавачот Лув Верлаг одлучил да ја повлече книгата откако родителите се жалеле во Берлинскиот сенат.
Книгата за прв пат е издадена во 1991 година, а во описот пишува: „Децата се многу љубопитни и сакаат да знаат од каде доаѓаат. Треба да им се даде одговор прилагоден на нивните години, а првото објаснување за тие теми мора да биде отворено и сериозно“.

Сепак во онлајн книжарата Амазон, книгата добила само добри оцени и родителите се многу задоволни од неа.Една основна школа во Берлин е многу критикувана откако се покажало дека на децата им се покажуваат експлицитни цртежи

Пронајдете не на следниве мрежи: