Силјановска фотографирана со најголемиот негатор на Македонија и Македонците!

На социјалните мрежи се објавени фотографии од Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со бугарскиот европратеник Андреј Ковачки.

Ковачки инаку е еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик, историја и култура. Истиот во Европскиот парламент отворено зборува дека Македонија е вештачка држава и дека Македонците се вештачки создаден народ. Дополнително, истиот беше санкциониран од Европскиот парламент откако таму искористи нацистички поздрав.

Инаку фотографијата е од пред неколку години, кога Силјановска и тогаш беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ги изгуби изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.