Ова е државното знаме во спортско-рекреативниот зимски центар Попова Шапка – симбол на државата оставен да виси обезличен, искинат и понижен.
Директор на Ски-центарот Попова Шапка е Гани Алији, кадар на ВЛЕН, близок човек на пратеникот на БЕСА, Аднан Азизи, во Тетово познат како „оџата од Ларце“, кој воедно е и роднина на градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

На Попова Шапка очигледно се води бизнис и се брка профит, но сè друго е запоставено – институционалниот ред, државните симболи и основното почитување кон државата. Македонското знаме, кое мора да биде чувано и достоинствено истакнато, стои занемарено, оскрнавено и оставено на забот на времето.
Ова не е изолиран инцидент, туку уште еден во низата шовинистички и ксенофобни испади поврзани со Движењето БЕСА, предводено од Билал Касами.

Државните симболи не се декор, ниту приватна сопственост. Тие се обврска, закон и одраз на односот кон државата. Секој што управува со јавни институции и јавен простор мора да знае: непочитувањето на државното знаме не е „пропуст“, туку порака.




