Убиениот Ефтимов откупувал и продавал злато, бизнисот го наследил од семејството на неговата сопруга

Васил Ефтимов, кој вчера беше застрелан на паркингот кај Трговскиот центар „Мавровка“, е косопственик на златарскиот дуќан „Дона“ во Трговскиот центар „Бисер“.

Дуќанџиите велат дека станува збор за мирно семејство, кое немало голема комуникација со сопствениците на останатите локали. Купувале и продавале злато и сребрен накит изминатите десетина години, а последните две години бизнисот го насочиле кон брендирана бижутерија.

Иако се шпекулира дека Ефтимов работел со лихва, од МВР велат дека досега немаат таква информација. Така, засега нема потврда дали Ефтимов носел поголема количина злато во багажникот и дали убијците евентуално го зеле.

Од МВР потврдија дека Ефтимов бил застрелан пред очите на неговата сопруга.

Засега не се знае ни која која е вистинската причина за убиството, оттаму велат дека било извршено вештачење на сите предмети, но во возилото на жртвата не било пронајдено злато.

Досега полицијата приведе две лица на територија на Чаир, а на полицијата ѝ е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство.

Пронајдете не на следниве мрежи: