(Фото) Урнебесна реакција на СДСМ по изјавата на Мицкоски дека бил следен со дронови

По жестока дебата во Собранието денеска на пратенички прашања, се огласија и од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски обвини дека додека бил претседател на опозицијата, го следеле со дронови.

„Се креваа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови, односно со оперативни технички средства. Тоа нормално ли е?“, рече денеска Мицкоски од собраниската говорница.

На овие обвинувања одговори и СДСМ, кој на социјалните мрежи на својот профил постави слика од Мицкоски со дрон со наслов: „Следиме и во опозиција“.

Пронајдете не на следниве мрежи: