Заменик-министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, во моментов е пред полициската станица во Тетово каде се приведени три лица, меѓу кои и возачот на Сулејмани и внукот на возачот.
Интервентна полиција запрела внук на возачот на Седат Сулејмани, за да го легитимираат, а внукот се јавил да се пожали, по што возачот на Сулејмани отишол на местото на настанот да реагира. Полицијата ги привела двајцата, заедно со уште едно лице и сите моментално се во СВР. Пратеникот Аднан Азири и заменикот министер за култура, Седат Сулејмани моментално се пред СВТ Тетово, дознава Инфомакс.
Неофицијално имало напад на полицајците, засега нема информации за тоа дали и какви повреди имаат полицајците и дали било употребено оружје.