Кабинетот на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, објави фотографии од мртвите и изгорените тела на бебиња за кои тврдат дека се жртви на Хамас.
„Хамас е нехуман. Хамас е ИСИС“, се вели во објавата од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху на социјалната мрежа Х (Твитер).
Ве предупредуваме дека фотографиите се крајно вознемирувачки. Можете да ги погледнете со кликнување ПОДОЛУ.
https://twitter.com/IsraeliPM/status/1712471782303867144
Објавени се три фотографии на кои се гледаат две бебиња чии тела се изгорени до непрепознатливост, а третото тело е обоено со крв.
- Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово, било вакцинирано со две дози вакцина
- Уапсен 39-годишен скопјанец откако ги претепал неговите сестра и мајка
- Австрија: Босанец примал пензија, а „на црно“ возел луѓе од Босна со минибус – проневерил 100.000 евра
- Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа на „Мелбурн Парк“?
- Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
Во изјавата на Бенјамин Нетанјаху се вели дека фотографиите се дел од фотографиите што Бенјамин Нетанјаху ги покажал на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, за време на неговата посета на Тел Авив.
Да потсетиме, израелските, а потоа и светските медиуми објавија дека во Кибуц Кфар Аз биле откриени тела на цивили, меѓу кои и останки на деца и бебиња.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.