Франција со речиси 19.000 новозаразени од КОРОНА во само еден ден

Франција со речиси 19.000 новозаразени од КОРОНА во само еден ден, со што се урнати црните рекорди од почетокот на пандемијата.

Над половина милион луѓе во моментов се активно заразени. Според информациите и бројот на зафатени кревети по болниците нагло се зголемува.

Само во Париз и околината има 449 пациенти на одделите за интензивна нега, што е околу 40 проценти од капацитетите. Но здравствените власти очекуваат бројката да се искачи деновиве и на над 50 проценти од леглата.

Макрон по објавувањето на рекордниот број на заразени изјави дека ќе воведе дополнителни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Кафулињата ќе бидат затворени наредните две недели во Париз поради опасноста од ширење на корона вирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.