Франција ја продолжи вонредната состојба до 16 февруари

Франција ја продолжи вонредната здравствена состојба до 16 февруари поради зголемениот број случаи на заразени со коронавирусот.
Поради недостиг на кворум за време на седницата на Националното собрание во вторникот, вонредната состојба беше продолжена само до 14 декември.
Сепак, гласањето повторно се одржа вчера и вонредната состојба беше продолжена до 16 февруари.
Двомесечната пандемска вонредна состојба, која беше прогласена во март на два месеци, беше обновена на 17-ти октомври со указ на Владата.
Тоа и дава на владата моќ да ограничи одредени права на граѓаните низ целата земја или во одредени региони.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.