Претседателот на француската партија Национално единство (РН), Џордан Бардела, ги повика денеска француските граѓани да се приклучат на протестите што ќе се одржат низ целата земја за време на викендот, откако лидерката на РН, Марин Ле Пен беше осудена на затвор и парична казна за проневера на јавни средства.
„Денес верувам дека Французите мора да бидат огорчени и им велам: бесни! Ќе излеземе на улица овој викенд. Организираме делење летоци, демократски, мирни демонстрации“, рече Бардела, додавајќи дека пратениците на РН ќе одржат прес-конференции во нивните изборни единици.
Тој нагласи дека ќе остане на страната на својот ментор, откако Ле Пен изјави дека „нема да дозволи така да биде елиминирана“.