Францускиот обвинител бара казна од 750 илјади евра за Total

Париските обвинители побараа од кривичниот суд во вторникот француската компанија за енергетика „Total“ да биде казнета со 750 илјади евра за подмитување на странски агенти во текот на „програмата нафта за храна“ на Обединетите нации којашто се спроведуваше во Ирак пред десет години.
Истовремено обвинителката Ариан Амсон изјави дека се сомнева оти извршниот директор Кристофер де Маржери е виновен во таа афера, како и дека „не е убедена“ дека учествувал во злоупотребата на корпоративните средства.Обвинителите кажаа дека судот треба да одреди примерна казна, ако и донесе некаква, за де Маржери како и за швајцарската компанија „Vitol“, исто така обвинета за корупција. „Vitol“ неуспешно се обидуваше случајот во Франција да го прогласи неуставен, бидејќи на судот во Њујорк веќе е осудена за престапи и кршење на одредбите поврзани со спомената програма.Судењето би требало да биде приведено на крај на 20-ти февруари, по што ќе се очекува пресудата.Компанијата „Total“, втората според големината француска компанија според пазарната капитализација, негира дека подмитувала влијателни поединци кои имале пристпа до ирачката нафта.
МакфаксПариските обвинители побараа од кривичниот суд во вторникот француската компанија за енергетика „Total&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: