Фригидност, проблем на модерната жена

Модерните секс терапии покажуваат дека 30 до 90 % од жените не можат да постигнат оргазам, како и дека фригидноста е се’ почеста појава, а лекувањето е долг процес. Фригидноста кај жените се јавува од различни причини – како на пример, вродени причини, неможност да се доживее задоволство и оргазам, способноста на жената да доживува пријатни работи во одредена сексуална ситуација, но неможноста да доживее оргазам и сл.
Сексуалната едукација на жените во детството и адолесценцијата, односно во раните фази на сексуалното созревање, игра битна улога. Особено се важни казните со кои се казнуваат младите девојки поради читање на еротска литература, сексуалните фантазии, гледање на порнографски слики или филмови, сексуални игри со други деца и маструбација. Казната произведува страв, па фригидноста кај некои жени се објаснува со страв од секс, кој настанал преку трауматски пат дека сексот е нешто валкано, срамотни и неморално.


Првиот чекор во решавањето на овие проблеми е комплетна медицинска и биолошка проверка. Откако ќе потврдите дека не постои никаква биолошка или физичка причина за фригидноста, значи дека тоа е психички проблем. Тој проблем е сместен во вашиот ум, односно во потсвеста. Овие проблеми се јавуваат како последица на негативниот стрес, а вашето тело реагира на негативните мисли, стравови и грижи. Сексуална импотенција не е болест, туку проблем. Тој проблем е резултат на вашите размислувања за себе и за светот во кој живеете.
Во согласност со овие факти, запрашајте се себеси на кој начин можете да си помогнете. Кога ќе го најдете одговорот, одберете терапевт кој ќе знае како да ви помогне да го откриете и елиминирате проблемот, да ја најдете причината на вашата сексуална дисфункција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.