Сигурни сме дека и жените и мажите ќе се согласат дека нема поубаво чувство од влечење чешел низ косата. Покрај масажата на косата, косата станува поелегантна и мека.
Чешлањето е замислено како процес кој ја подобрува состојбата на косата со отплеткување, меѓутоа, навидум едноставна акција како што е чешлањето може да ја уништи косата доколку не внимаваме.
Вечното прашање е – дали косата треба да се чешла сува или додека е мокра?
Мислењата на оваа тема се поделени, бидејќи таа влијае на многу фактори кои се индивидуални по природа, како типот на косата, нејзината општа состојба, преку нејзината нега …
Што значи дека она што работи за еден човек може да не работи за друг.
Но, сепак постојат едноставни правила кои треба да ги следите кога ја чешлате косата.
– Треба да се има предвид дека косата е најчувствителна кога е мокра, а тоа особено важи за луѓето кои имаат права коса. Чешлањето во таква состојба може да ја преоптовари и оштети косата, која е најсилна кога е сува – вели фризерката Билјана Марковиќ за Телеграф и нагласува дека ова правило не важи за луѓето со виткана коса:
– Доколку еднаш сте се обиделе да ја исчешлате кадравата коса кога е сува, веднаш би можеле да сфатите дека тоа е грешка. Чешлањето на влажната кадрава коса ја намалува можноста да се скрши и да ги оштети фоликулите на косата.
Фризерот советува витканата коса секогаш да се чешла со чешел со широки заби, а најдобро е да нанесете спреј или мелем што не се плакне пред секое чешлање.
Според нашиот соговорник, ако човек не ја чешла правилно, постои можност косата да се оштети.
-Може да се случи човек при чешлањето да забележи голем број влакна на четката, бидејќи тие до толку ослабнале. Секако, тоа не мора да значи дека несоодветното чешлање е секогаш причина број еден, но секако може да биде една од причините – заклучува фризерката Билјана Марковиќ.