Фризерка открила едноставен трик кој веднаш покажува дали имате недостаток на витамин Д

Бројни експерти ја потврдуваат важноста на витаминот Д во зачувување на имунитетот и препорачуваат земање на истиот додека трае пандемијата на коронавирусот.
Но, како да знаеме дали всушност нашиот организам има недостиг од овој витамин?
Неодамна, фризерката Ерика Вестбрук, сопственичка на еден фризерски салон во Тексас, објавила видео кое набрзо стана вирално, а во кое покажува што може да биде показател дека патите од недостаток на витамин Д.
Таа тврди дека е доволно да ја исчешлате вашата коса додека е мокра, за да се уверите дали ви недостасува важниот витамин. Ова го покажала преку пример на своја клиентка – додека ја чешлала, од нејзината коса паѓале огромен број мртви влакна.
„Вака изгледа недостаток на витамин Д. Ако вашата коса изгледа вака додека ја чешлате, би требало да посетите лекар“, порачува Ерика во видеото.
По низа тестови се утврдило дека нејзината клиентка навистина имала ниско ниво на витамин Д во организмот.
За потсетување, секој ден бројот на рани и доцни симптоми на коронавирусот се зголемува, а помеѓу останатото, вирусот го нарушува и здравјето на косата и кожата. Дифузното опаѓање на косата по инфекција со коронавирус е забележано кај околу 30 отсто од пациентите, а тоа се воглавно лица кои развиле средно тешка и тешка клиничка слика, пропратена со висока телесна температура.

@westbrookco.thesalonThis is what vitamin deficiency hair loss looks like. If your hair looks like this as you comb you need to talk to your doctor. It can get better.

♬ original sound – WestbrookCo.TheSalon

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.