Животот на бездомниците во Америка е многу тежок, поради што сè повеќе луѓе се обидуваат на некој начин да им помогнат. Рикс е еден од нив. И покрај тоа што живее на тротоар, не се капе со денови и често нема што да јаде, тој секогаш е насмеан.Поради тоа што живеел на улица две години, му пораснале косата и брадата, па изгледал како пештерски човек. А потоа го запознал фризерот Тревис кој му понудил да го направи тоа бесплатно. Риск го виде овој потег како чудо, бидејќи одамна никој не направил ништо убаво за него.„Размислував да го тргнам сето ова од моето лице. Со текот на годинитепуштив брада.”Кога Рикс ја виде трансформацијата извика: „О Боже, не изгледам како бездомник.“Фризерот Тревис ги зеде ножицоте и се фати за работа. Најпрво ја скрати косата и го отстрани целиот вишок на влакна од главата, а потоа премина на брадата. Не сакаше целосно да ја скрати брадата за промената да не ја шокира Рикс. Но затоа го стилизираше и целосно го промени изгледот на бездомникот. Не само што повеќе не личеше на човек кој живее на улица, туку под целата таа коса и брада всушност беше вистински даса.Рикс бил толку задоволен од новиот изглед што ја фрлил старата капа што секогаш ја носел.Потегот на Тревис наиде на многу позитивни реакции од луѓето на социјалните мрежи, кои рекоа дека е потребно толку малку за да се усреќи друго човечко суштество. Многумина забележаа дека Рикс изгледа 10 години помладо со својата кратка коса и потстрижена брада.„Изгледа многу подобро. Одлична работа“, напиша еден следбеник.„На крајот изгледа како Артур Морган“, додаде друг.„Ова е мојата цел, да заработам доволно пари и да можам да поддржам луѓе кои немаат поддршка и помош“, заклучи трет.
Пронајдете не на следниве мрежи: