Фризури кои ѝ штетат на косата, а жените често ги носат

Веруваме нема жена што не сака да има здрава и сјајна коса. Во желбата да изгледаме што подобро и модерно, жените често прават експерименти и разни промени на косата.
Не сите се добри за нејзиното здравје.
Постојат четири фризури кои можете секојдневно да ги сретнете на случајни минувачки, уште повеќе во медиумите и социјалните мрежи, а веројатно и самите ги правите, но кои ѝ нанестуваат повеќе штета отколку добро на вашата коса.
Еве кои се:
Коњско опавче
Една од наједноставните и најчестите фризури, за кои ни е потребно многу малку време, но штетата што може да ја предизвика може да е голема. Врзувањето ластиче на ист дел од главата неколку пати неделно и уште повеќе, прицврстувањето, го поттикнува кршењето на косата. Затоа, никогаш не врзувајте ја секој ден косата на тој начин и преферирајте спирални „ластичиња“ кои не ја оштетуваат косата.


Плетенки
Нема девојче што не сака плетенки, а со оглед на тоа дека се тренд секоја сезона, станаа омилени и кај возрасните. Но, исто како и кај коњското опавче, не стегајте ја косата премногу и не носете премногу често плетенки. Особено не легнувајте со мокра коса исплетена во плетенка.


Мокра коса
Влажната коса е многу поподложна на кршење од сувата. Ако сакате да ја копирате мошне популарната „мокра фризура“ нанесете пена на коса, со која ќе направите имитација на влажната текстура и прицврстете ја косата по ваш избор користејќи гумени ленти или шноли кои нема да ја оштетат косата.
Сосема рамна коса
Речиси и да нема жена која не посакала да има сосема рамна коса. А за таква фризура најчесто се користат преси за коса. Топлината на пресата влијае на косата, ја прави послаба и кршлива. За да ја заштитите, користете спреј за оваа намена, кој ќе го користите пред употреба на преса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.