Хуракан, членот на аргентинската втора лига, во 1/16 финалето во националниот Куп, на пенали е елиминиран од прволигашот Годој Круз, а ден по тој натпревар играчите на Хуракан имале непријатна средба со своите навивачи.Имено, според тренерот Хозе Марија Лопа, хулигани влегле во соблекувалната на тимот и претепале неколкумина фудбалери.„Играчите се тушираа по тренингот, кога влетаа навивачите и ги нападнаа фудбалерите“, рекол Лопа.„Видов дека пристигнаа со автобуси, беа околу 150 луѓе, ни го уништија имотот околу стадионот, а потоа ни ги украдоа работите“, рекол претседателот на Хуракан, Алехандро Надур.„Ова што тие го направија е неприфатливо, па дури и натпреварот со Годој Круз да го загубевме со 15:0“, дополнил Надур.Хуракан во второлигашката конкуренција се наоѓа на осмото место на табелата со 39 бодови, 20 помалку од лидерот Розарио Централ.
МакфаксХуракан, членот на аргентинската втора лига, во 1/16 финалето во националниот Куп, на пенали е елиминиран од прволигаш