По трагичните информации кои стигнуваа утрово од Кочани, се трагаше и по фудбалерот Андреј Лазаров, кој бил во дискотеката за време на пожарот.
Меѓутоа подоцна беше соопштено дека бил пронајден во болницата во Штип, и дека минал само со повреди.
„Најпрво сакаме да ве информираме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здобил со изгореници на делови од телото во пожарот и големата трагедија во Кочани. Оваа информација ја потврдивме откако разговаравме со членови на неговото семејство и роднините. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување и враќање во нашиот тим.
Во овој тежок момент изразуваме најискрено сочувство за сите 51 животи загубени во оваа трагедија. Нашите мисли се со семејствата на жртвите на целата наша земја“, стои во реакцијата на ФК Шкупи.