Фудбалерот во проблеми: Сопругата повикала полиција за да го избрка од дома

Аргентинскиот фудбалер во моментов поради повреда не настапува за Галатасарај, а покрај професионалните проблеми се соочува и со лични.

Во бракот на Ванда Нара и Мауро Икарди не цветаат рози и во последно време често се караат, а сега претерале и со семејните искри.

Нара е и агент на Икарди, а медиумите во Аргентина пишуваат дека и двајцата моментално се во татковината и дека Ванда го пријавила Мауро во полиција.

Сопругата на фудбалерот на Галата повикала полиција и пријавила дека нејзиниот сопруг има оружје, по што Мауро бил исфрлен од куќата за да може полицијата да спроведе истрага. На фудбалерот му било забрането да влезе во куќата.

По претресот, полициските службеници не пронашле ништо, а било утврдено дека Нара поднела лажна пријава и сега може да одговара законски.

Икарди оваа сезона постигна само четири гола, но се бори со повреди. Минатата сезона Мауро водеше мртва трка со Џеко за најдобар стрелец и на крајот победи со 25 голови, додека Босанецот застана на 21 гол.

Пронајдете не на следниве мрежи: