Фудбалер со ампутирана нога меѓу кандидатите за најубав гол на годината (ВИДЕО)

Челниците на ФИФА денеска ги објавија тројцата кандидати за наградата „Пушкаш“, која се доделува за најубав гол на годината, меѓу кои има и фудбалер со ампутирана нога.

Станува збор за Полјакот Марчин Олекси, кој е без една нога и кој настапува во првенство за хендикепирани лица, каде што постигна навистина атрактивен гол со ножички. Друштво ќе му прават Ришарлисон со акробатскиот гол против Србија на Мундијалот во Катар, како и Димитри Паје и неговата „ракета“ на мечот против ПАОК.

Пронајдете не на следниве мрежи: