Фудбалската репрезентација на Македонија, во понеделник во 12 часот, во хотелот „Александар Палас“ ќе го има првиот собир спроти натпреварот со Белгија.Селекторот на националниот тим за мечот со Белгија повика 23-ца фудбалери, на кои сметаше и на претходните репрезентативни акции:Голмани: Мартин Богатинов, Томе Пачовски, Кристијан НаумовскиОдбрана: Александар Тодоровски, Бобан Грнчаров, Стефан Ристовски, Николче Новески, Ванче Шиков, Александар Лазевски, Даниел Георгиевски, Даниел МојсовРед за врска: Мухамед Демири, Остоја Стјепановиќ, Дарко Тасевски, Ферхан Хасани,Дејан Блажевски, Никола ГлигоровНапад: Иван Тричковски, Горан Пандев, Мирко Ивановски, Агим Ибраими, Александар Трајковски, Адис Јаховиќ.Првиот тренинг репрезентативците ќе го одржат на Националната арена „Филип Втори“, во понеделник во 18 часот. Селекторот Јаневски во вторник ќе одржи два тренинга во 10 и 18 часот, во среда фудбалерите ќе тренираат во терминот од 18 часот, додека ден пред натпреварот, во четврток тренингот ќе се одржи во 17 часот. Натпреварот со Белгија на 22.март во Скопје ќе започне во 20:45 часот, во истиот термин Македонија и Белгија ќе се сретнат и на 26.март во Брисел.
МакфаксФудбалската репрезентација на Македонија, во понеделник во 12 часот, во хотелот „Александар Палас“ ќ