„Понижување и катастрофа“, се најчестите зборови кои данските медиуми ги употребуваат за да и опишат скопските 3:0 на нивната фудбалска репрезентација.Медиумите во земјата на европскиот првак од 1992 година, се согласни и во уште една работа, дека македонските фудбалери, одиграле со повеќе мотиви и желба за победа и дека Данска била надиграна на сите полиња.„Нема што да кажам за натпреварот, примивме три гола. Тие имаа три шанси во првото полувреме и сите ги реализираа. Целиот тим, вклучувајќи ме и мене не одигра добро“, изјавил капитенот на Данска, Даниел Агер.Според играчот на Ливерпул, репрезентацијата делувала премногу бавно на почетокот од натпреварот.„Не бевме подготвени за силната игра на македонската репрезентација. Во првата половина од натпреварот игравме премногу наивно.“Селекторот на Данска, Мортен Олсен, по натпреварот, веројатно понижен од поразот, не најде доблест да се појави на официјалната прес конференција, изјави даваше само во микс зоната за домашните медиуми.„На теренот воопшто не можеме да одиграме ниту една комбинација. Задоволен сум како одигра одбраната, но не и од играта на редот за врска и нападот. Им кажав на играчите дека мора да знаат како да се прилагодат на противникот, да одиграат на поинаков начин“, рекол Олсен.Каспер Шмајхел, син на легендарниот голман на Данска и Манчестер Јунајтед, нема по добро да го памети својот прв натпревар во националниот тим. На дебито Шмајхел три пати ја вадеше топката од својата мрежа.„Сигурно дека ова не беше деби од сништата, но горд сум што го облекува дресот на мојата земја. Не се надевавме на овој резултат, но тоа е фудбалот, поради тоа тој е волшебен спорт. почнаа подобро од нас, а кога по 24 минути имаат негатива од три гола, тогаш имате многу голема планина да искачите“, изјавил Шмајхел.Натпреварот во Скопје, беше прв на овие две репрезентации, по квалификациониот меч во Копенхаген во 1995 година, на кој Данска победи со 1:0. Во истите тие квалификации за пласман на Еп во 1996 година, Македонија го одигра својот прв натпревар, во Скопје против Данска резултатот беше 1:1.Македонија и Данска, во мартовскиот циклус на квалификации за Светското првенство ќе одиграат по две средби, Македонија ја очекува двомеч со Белгија, додека Данска за противници ќе ги има Чешка и Бугарија.
Макфакс„Понижување и катастрофа“, се најчестите зборови кои данските медиуми ги употребуваат за да и опишат