Фудбалскиот сојуз на Камерун на својата веб-страница официјално објави дека суспендирала дури 62 свои фудбалери, сите поради фалсификување на нивната возраст.
Меѓу суспендираните фудбалери е и Вилфрид Натан Дуала, кој беше дел од репрезентацијата на Камерун на неодамнешното африканско првенство. Дуала претходно беше регистриран како 17-годишник.
Сите суспендирани фудбалери моментално се членови на тамошните клубови и поради казната нема да смеат да играат во финалето на првенството на Камерун.
Клубот Спорт Академи има најмногу играчи со фалсификувана возраст, дури тринаесет, додека по седум играчи на Викторија Јунајтед и АС Форчн се суспендирани.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.