Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо освен лицемери и лажговци.
Додека наводно се загрижени за економскиот стандард на граѓаните, високи функционери на оваа партија летуваат на луксузни локации.
Портпаролот Димче Арсовски кој на прес конференции глуми загрижен за економската состојба, својот летен одмор го минува во Монте Карло.
Јавно објавени фотографии покажуваат дека тој заедно со сопругата се на плажата Ники во Монте Карло, монденско место на кое летува светскиот џет – сет.
Колку е скапо ова задоволство на Арсовски покажува и менито во ресторанот на плажата, каде една порција оброк достигнува и до 98 евра.
Истовремено, Христијан Мицкоски летува во Црна Гора, во близина на Котор, каде според информациите едно ноќевање во вила чини и 1.000 евра.
Еве колку ВМРО-ДПМНЕ се загрижени за стандардот на граѓаните.
Додека ја плашат јавноста со црни економски сценарија, функционери на ВМРО-ДПМНЕ трошат илјадници евра за одмор на луксузни локации.
Вака ли ВМРО-ДПМНЕ го замислува протесното лето со кое ги лажеше граѓаните?
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеност, безобразност и лицемерност, беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски – се вели во соопштението на СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.