Се редат оставки. И се троши ионака истрошената инфраструктура на Мицковски. Тој пак се обидува од петни жили да зборува за екомонијата за да не ги нервира Жбогар и Хан. Ама тоа не минува кај членството. Иако се обиде да прикаже присуство во Велес, тој таму имаше се, само велешани не. Го видовме Бинго и екипица од Куманово, ја преселија целата „Бела Палата“ на прошетката… плус штипјани, неготинчани… Ама слабо. Можеби затоа Мицковски дткаше. Не успеа да ја сокрие нервозата?
Во меѓувреме не можат ни со четвртата смс порака да ги мотивираат членовите да се ажурираат. Па станале поети, па некои црнила споменуваат… Да ви кажам дечки Црнила е драма на македонскиот драмски писател Коле Чашуле. А тој го судеше Ченто… лоши ви се алузиите. Којзнае дали некој од вас ја прочитал драмата воопшто. Но тоа не е важно. Нема ажурирање. Во некој нареден текст ќе ви кажеме зошто. Оти разговараме со членовите. А тие не пасат трева…
Во меѓувреме и бегаат, со глава без обѕир…